Еве што предвидува турскиот хороскоп за 2025 година – година која, според толкувањето на турските астролози, носи силна енергија на трансформација, семејни вредности и духовно будење.
Семејство и традиција: Во фокусот се односите со најблиските, враќање кон корените и зацврстување на семејните врски.
Љубов: Многу знаци ќе доживеат длабоки емотивни промени – некои ќе ја пронајдат својата сродна душа, додека други ќе минуваат низ расчистување со старите врски.
Финансии: Бикот, Јарецот и Девицата се меѓу најуспешните – им се предвидува стабилен раст и можност за големи деловни пресврти.
Здравје: Акцентот е на рамнотежата – стресот и исцрпеноста може да претставуваат предизвик, па се советува повеќе одмор и духовна пракса.
Најистакнати знаци во 2025 година:
Boğa (Бик): Најсреќниот знак на годината! Есента носи деловен успех, финансиски раст и стабилност во љубовта.
Koç (Овен): Оваа година е идеална за нови проекти. Љубовниот живот ќе носи предизвици, но и можност за длабока поврзаност.
Yengeç (Рак): Емотивна обновa и семејна хармонија. Можно е преселување или проширување на семејството.
Akrep (Шкорпија): Интензивна година – духовен раст, но и соочување со тајни и кармички лекции.