Турција денес успешно го лансира во вселената првиот национален сателит со висока резолуција за набљудување на Земјата, наречен ИМЕЏЕ.
Првиот сателит од турско производство е лансиран утрово од базата на вселенските сили Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија во 8:48 часот по средноевропско време.
Со ова лансирање, Турција првпат ќе има електрооптичка сателитска камера со висока резолуција во орбитата.
Орбитата на ИМЕЏЕ ќе се совпадне со Сонцето на височина од 680 километри и ќе служи во полето на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, како и во земјоделството и шумарството.
Во текот на петгодишната мисија сателитот ИМЕЏЕ ќе снима слики од целиот свет.
Извор: ТРТ Балкан