Турција понуди помош за справување со пожарите во Грција

Турција и понуди помош на Грција во борбата против пожарите кои се активни во Александруполи и Родопи, пишува ТРТ БАЛКАН.

Според информациите добиени од дипломатски извори, понудено е да се испратат два авиони, два хеликоптери и тим од 60 луѓе во Грција за гаснење на пожарите во Александрополи и на планините Родопи.

Предлогот вчера беше испратен до грчките власти.

Пожарот што избувна во Александруполи на 19 август не можеше да биде ставен под контрола поради силниот ветер во регионот.

Во провинцијата Родопи во Западна Тракија, каде што се наоѓа Комотини и неговите села, пожарот што вчера ги зафати селата кои се со доминантно турско население, се сврте кон планинската област.