Два балони на топол воздух се урнаа во централна Турција во неделата, при што едно лице загина, а 19 се повредени, според извештаите на локалните медиуми.
Несреќата се случила во близина на долината Ихлара во покраината Аксарај, објавија приватната новинска агенција Илхас и други медиуми.
Засега не е позната причината за падот на балонот, ниту пак идентитетот на починатото лице и повредените, ниту нивната националност.
Патем, возењето со балони е вистинска туристичка атракција на Кападокија во Турција.
Регионот Кападокија е место каде што убавината на природата и историјата се спојуваат, формирајќи еден од најубавите пејзажи во светот.