Полициски службеници на Полициската управа на МВР на кантонот Сараево вечерва ја привеле девојката А.Ш. (22) по која беше распишана меѓународна потерница за помагање на убиство на Ранко Радошевиќ во Белград.
Од МВР наведуваат дека осомничената е од Брчко. За сè е известен дежурниот обвинител на Обвинителството на Босна и Херцеговина, а осомничениот е предаден во притворското одделение на МВР на кантонот Сараево.
Акцијата е спроведена во соработка со Управата за организиран и сериозен криминал на МВР на РС и окружната полиција Брчко, информираат од босанското МВР, пренесува Аваз.
Ранко Радошевиќ Ескобар е убиен на бензинска пумпа во Рушањ, а според медиумите, осомничениот им помагал на убијците кои веќе биле уапсени во Србија.
Убиецот со качулка на главата и хируршка маска испукал седум истрели, од кои пет во телото и два во главата на Радошевиќ. Дури кога се уверил дека ја завршил работата со својот соучесник, излегол од кафеаната.
Радошевиќ беше погребан вчера во Орловача.