Уапсен е таткото на момчето кое го изврши масакрот во училиштето во Врачар, а приведена е и неговата мајка, јавуваат белградските медиуми.
Како што изјави министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ, пиштолите, од кои со едниот малолетникпт пукал и другиот кој бил пронајден во чантата, му припаѓале на таткото на момчето.
„Таткото на сторителот на овој грозоморен чин е уапсен, а за двата пиштоли тој имал законски дозболи. Тој тврди дека биле заклучени во сеф со шифра и дека детето очигледно ја знаело шифрата. Детето имало и три полни рамки со по 15 куршуми“, рече Гашиќ.
Ученикот уби седум девојчиња, едно момче и еден чувар.