Уапсено девојче (13), кое оставило тело на новороденче на карпи во Италија, соопшти Обвинителството.
Засега не соопштуваат детали како дошло до нејзиното апсење.
Сè уште не се познати резултатите од обдукцијата на телото на новороденчето.
Девојчето (13), чиј идентитет не се соопштува, има психички проблеми.
Таа и уште две лица денеска беа на распит во Обвинителството.
Да потсетиме, телото на новороденчето со папочната врвца завиткана околу вратот го пронашла полицијата.
Девојчето кое го родило бебето го пронашла полицијата во домот на нејзините родители и првично била хоспитализирана поради септикемија.
Истрагата сè уште е во тек, а се очекува полицијата да ги испита семејните врски на девојчето, како и условите во кои растела.
Лекарите изолирале ДНК од телото на бебето за да се обидат да го пронајдат таткото на детето. Засега не се знае дали се работи за помлада или постара личност.
Ќе се истражува и дали девојчето било вклучено во синџир на детска проституција.
Полицијата сослушала членови од нејзиното семејство кои знаеле дека девојчето е бремена. Меѓу нив е и мајката на девојчето.
Дали бебето е родено живо или умрело додека било во утробата ќе се знае кога ќе завршат резултатите од обдукцијата.