Поранешната мисица на Боливија Алондра Меркадо Кампос (22) е уапсена во полициска рација под обвинение за трговија со оружје, откако полицијата пронашла складиште со муниција за калашников АК-47 и тргнала во потрага по нејзиното момче, шверцер на дрога.
Алондра беше крунисана за Мис шарм Боливија во 2023 година, а на Инстаграм често се пофалува со фотографии во бикини или на ВИП настани каде позира во вечерни тоалети кои ги истакнуваат нејзините бујни атрибути.
Но, сега нејзините профили на социјалните мрежи замолкнаа, откако беше одведена во Женскиот затвор Тринидад во Бени под обвинение за трговија со оружје.
Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата ја пронашла Мис Боливија.
Нејзиниот партнер, 22-годишниот Андрес Васкез, моментално е во бегство и полицијата го бара под обвинение за меѓународна трговија со дрога.
Боливиските специјалци за борба против шверцот со дрога започнаа операција со цел да го фатат Васкез, но наместо тоа беше уапсена жена. Наводно , боливиската инфлуенсерка ќе биде задржана во притвор од 30 дена, кога ќе следи нејзиното прво појавување на суд.
Инспекторите велат дека ги чекаат резултатите од форензичките тестови извршени на автомобилот на парот, а исто така се надеваат дека нејзиниот запленет мобилен телефон ќе послужи како доказ. Имено, има видео снимки на кои се гледа девојката и нејзиниот партнер на разни забави, а притоа со себе имаат и нелегално оружје кое е одземено од полицијата.