Загрепската полиција уапсила три лица, двајца мажи на возраст од 51 и 20 години и еден 21-годишен српски државјанин под сомнение дека држелаe 59-годишна жена во положба на робинка, принудувајќи ја да им чисти и мие, тепајќи и мачејќи ja додека не избега од нив.
Полицијата се сомнева дека 20-годишен млад човек во договор со членовите на неговото семејство, маж (59) и девојка (21) и’ ветил на Хрватка вработување во Хрватска и дека ја принудиле да проси и да чисти а ја тепале и и’ удриле шлаканици, пишува Index.hr.
Откако жртвата пристигнала во Хрватска во септември минатата година, ова семејство ја сместило во куќа во месноста Писаровина, и’ ги одзела личните документи и ја принудиле да проси под изговор дека е должна да ги покрие трошоците за сместување и други потреби.
Според полицијата, 51-годишниот маж секојдневно ја носел 59-годишната жена на загрепскиот плоштад Кватерниково, каде просела пари од минувачите, а потоа им ги предавала.
Меѓутоа, кога 59-годишната жена еднаш испросела за помалку пари од очекуваното, 20-годишниот маж и’ удрил шлаканица, додека 21 -годишната жена еднаш ја удрила со нога по телото. Дополнително ја натерала да ја исчисти куќата, а заедно со другите двајца осомничени не и’ дозволиле лекарски преглед поради здравствените проблеми кои ја снашле.
Полицијата посочува дека триото ја злоупотребило тешката положба на зависност на 59-годишната жена. Кога во октомври годинава побегнала од насилното трио, осомничените ја нашле во куќата на нејзин познаник во Дубрава и повторно се обиделе да ја натераат да проси.
Откако 59-годишната одбила да проси, 20-годишната и 21-годишната ја турнале во багажникот на „цитроен“, но таа успеала да ја отвори вратата и да избега во куќата на нејзиниот познаник. Осомничените се приведени.