Уапсени се двајца мажи кои му помагале на полицаецот кој е ранет во ресторан во Автокоманда (Фото)

По повод ранувањето на Б.Т. (26) во неделата, во ресторан на Автокоманда, припадници на МВР по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград уапсиле две лица кои се осомничени дека и’ помогнале на жртвата да го скрие пиштолот, кој го носел без овластување, пишуваат српските медиуми.

П.Д. (53) и Н.Б. (32) утре ќе биде сослушан во обвинителството поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

П.Д. е осомничен дека со своето такси го однел ранетиот полицаец Б.Т. до Ургентен центар, каде Н.Б. го извадил пиштолот од автомобилот и го зел со себе, а го сокрил во Големото езеро.

Откако напаѓачот на Б.Т. кој испукал неколку истрели кон него и тешко го повредил, полицијата интензивно трага по него.