Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственик на фирмата ,,Пуцко Петрол!” – Еве за што се осомничени

Попладнево беше пријавено дека е уапсен бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски. Според неофицијални информации кои се појавија во некои медиуми, Капушевски е приведен во неговиот дом, каде полицијата изврши претрес, дознава Телма.

Покрај Ратко Капушевски, во полиција е приведен и Асмир Јахоски.

Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, сопственици на фирмата „Пуцко Петрол“ и понатаму се во полициската станица во Кисела Вода, додека по нив се води истрага за кривично дело „загрозување на здравјето на граѓаните“ како и за „измама“ по купување и продавање на опасен мазут, односно истрага за набавка на мазутот на ТЕЦ Неготино и електрани. Од обвинителството, пак, велат дека осомничените може да се соочат со дополнителни кривични пријави.

Бирото за јавна безбедност денеска започна координирана акција против фирми и физички лица кои набавиле мазут со што се загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

Станува збор за разоткриена мрежа на увозници кои незаконски дистрибуирале деривати со сомнително потекло и квалитет, а потоа преку фиктивни кредитни договори и брокерски услуги извлекувале 10 милијарди денари.

Инаку, овие горива често содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија кои можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата. Според извештаите од повеќе институции, годишно животот го губат неколку илјади граѓани, а загадувањето се смета за една од најголемите причини за иселување.