Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Пазар го уапсиле Е.Џ. (19) од Сјеница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство во соизвршителство и Е.Х.(40) од Нови Пазар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторителот по било извршено кривично дело.
Како што се сомничи Е.Џ. е заедно со С.Ж. (27), по кого полицијата интензивно трага, на 8 февруари годинава со остар предмет му нанел смртни повреди на дваесет и осумгодишниот Нусрет Д. од Тутин, а неговото тело го фрлил во напуштен бунар во село Меѓугорје во околината на Сјеница .
Е.Х е осомничен дека му дозволил на С.З да остане во неговата куќа по извршеното кривично дело.
Полицијата по наредба на обвинителството ја привела и Р.Х.(27) од Сјеница поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело непријавување подготвување кривично дело.
По наредба на Вишото јавно обвинителство им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во обвинителството.