Припадници на српскотп МВР, Управата за борба против организиран криминал, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал, уапсија членови на организирана криминална група од Прибој, Ужице, Ковино, Шабац и Белград поради постоење за основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и фалсификување исправи.
Тие се осомничени дека од јуни 2022 година до денес во нелегални печатници изработувале фалсификувани лични документи на земјите од Европската унија, како и возачки дозволи на Јужноафриканската Република и ги продавале по цена од 1.200 до 2.500 евра при што прибавиле противправна парична корист во износ од повеќе од милион и пол динари.
При претрес на станови и други простории кои ги користеле членовите на оваа организирана криминална група, полицијата пронашла повеќе парчиња фалсификувани лични документи, дипломи, потврди, како и нелегална печатница за изработка на фалсификувани документи.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.