Како што соопштија од полицијата, во текот на вчерашниот ден во 16:30 часот полициски службеници на СПБ Тетово го привеле Ш.Ш од село Порој.
Според полицијата, апсењето е поврзано со сомненија за сторено кривично дело „убиство“ извршено на 12.10.2013 година на регионалниот пат село Пирок-село Жеровјан.
По наредба на Основниот суд Тетово, куќата на Ш.Ш. е претресена.
Против лицето е поднесена кривична пријава, а судот во Тетово му изрече мерка притвор од 30 дена.