Полициски службеници вчера уапсиле арачиновец, кој се сомничи дека извршил тешка кражба во сендвичара, кражба во куќа и одзел патничко моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера околу 12:00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Е.Б.(28) од с.Арачиново. Тој се сомничи дека на 21.09.2023 изршил тешка кражба во сендвичарница, дека на 14.09.2023 извршил тешка кражба во куќа во с.Арачиново и дека одзел патничко моторно возило. Со него бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признал делата, соопшти МВР.
Како што посочуваат од МВР, кај лицето биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, а при лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.