Вчера (30.08.2024) околу 11.00 часот на наплатната станица Романовце во правец кон Скопје, од страна на полициски службеници од Мобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции запрен е автобус со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, управуван од А.С. од Тетово. За време на вршењето на контролата и прегледот врз автобусот, А.С. на полицискиот службеник му понудил пари со цел да не продолжи прегледот и контролата, по што А.С. е веднаш лишен од слобода поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 353 од КЗ и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од страна на полициски службеници била продолжена контролата врз возилото, при што е утврдено дека возачот користи тахографска картичка, која што не е во негова сопственост. За истото е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна се констатирани прекршоци по член 23 став 5, а казниво по член 55 став и член 60 став 1 од законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во истиот, за што е предвидена глоба во износ од 7500 евра.