Уапсен е човекот кој му се закануваше на Вучиќ со бесење: Продуцентот му се заканувал на претседателот на протестот „Србија против насилството“

Во Белград денеска е уапсен продуцентот Б.С. кој вчера на протестот „Србија против насилството“ носеше транспарент на кој беше закачена кукла со ликот на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со конец завиткан околу вратот и наведната глава, алудирајќи на тој начин да се обеси.

Нему му е одреден притвор до 48 часа за кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок. Тој ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Инаку, на социјалните мрежи беа објавени и снимки и фотографии со споменатиот транспарент. Како што дознаваме, транспарентот бил пронајден и во стан на друг маж.