Полициската потера по Урош Б.(21), кој е осомничен за синоќешното масовно убиство во селата кај Младеновац, заврши успешно утрово нешто по 8 часот, кога силни полициски сили го лоцираа и го уапсија кај Крагуевац.
Тој е осомничен дека убил 8 лица, ранил 13, а 7 од нив се во критична состојба во крвава гозба.
Да потсетиме, пукаше на три локации – во село Дубона, Мало Орашје и Шепшин и сееше смрт со автоматско оружје, убивајќи невини луѓе. По укажаната лекарска помош, ранетите кои се донесени на Итната помош се во стабилна состојба.
Осомничениот има криминално и прекршочно досие за прекршување на Законот за оружје и муниција. Меѓу 8-те загинати има и млад полицаец кој тогаш не бил на должност и неговата сестра. Застрелал и невини деца.
Утрото по невидениот масакр, кој уследи два дена по трагедијата во белградското основно училиште, потерата се уште трае, а на терен има масовни полициски сили – повеќе од 600 припадници на МУП учествуваат во потрагата по терористички, а акцијата Вител се уште е на сила.