Уапсен поранешниот играч на Партизан: Му најдоа пиштол и 126 куршуми – се обидел да ја напушти Србија, па го фатила полицијата!

Поранешниот играч на Партизан Симон Вукчевиќ е приведен во Ужице.

Потврдено е дека Вукчевиќ бил уапсен на граничниот премин Гостун, кога требало да ја напушти Србија. Во неговиот автомобил биле пронајдени пиштол и 126 куршуми.

Поради сомнение дека сторил кривично дело од Законот за оружје, на Вукчевиќ му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Да потсетиме, Симон Вукчевиќ го носеше дресот на Партизан во периодот од 2003 до 2006 година и за тоа време за црно-белите забележа 52 настапи, додека 13 пати беше меѓу стрелците.

По тригодишниот настап за Хумска, кариерата ја продолжи во странство.