Актерот Сергеј Трифуновиќ вчера бил уапсен додека купувал дрога, пишува белградски Курир!
Како што неофицијално се дознава, Трифуновиќ бил уапсен откако полицијата го следела автомобилот на мажот В.А. и го фатила додека се случувало примопредавање на дрогата.
– Патролата забележала дека е во тек предавање на дрогата, па пристапила кон апсење на лицата. Лисици му беа ставени на В.А. кој беше означен како продавач на дрога и Сергеј Трифуновиќ како купувач – вели извор на курир и додава:
– Кај Трифуновиќ е пронајдено едно ПВЦ пакетче со околу 5 грама марихуана, додека при преглед на возилото што го користел В.А., во чантата биле пронајдени околу 40 ПВЦ пакетчиња со околу 70 грама марихуана и ПВЦ кесата што ја чувал под хаубата на автомобилот.