Уапсен синот на Мајкл Џордан: Тој е обвинет за повеќе кривични дела

Маркус Џордан, син на легендарниот Мајкл Џордан, е уапсен вчера на Флорида поради поседување кокаин и возење во пијана состојба, пренесува TMZ.

Тој се соочува со обвиненија за возење во пијана состојба, поседување кокаин и давање отпор при апсење.

Апсењето доаѓа откако 34-годишниот Маркус беше фотографиран како шмрка бел прав додека бил на одмор на југот на Франција минатата година.

Тој претходно беше во врска со ријалити ѕвездата Ларса Пипен, поранешната сопруга на Скоти Пипен, кој беше поранешен соиграч на Мајкл Џордан.

https://twitter.com/Ovrnundr/status/1886760410038104388?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1886760410038104388%7Ctwgr%5E1c7526582048cc694beb021cc45f8f248a729e2c%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fkosarka%2Fuhapsen-sin-michaela-jordana-optuzen-je-za-brojna-krivicna-djela%2F250204103

Ларса наводно го оставила Маркус затоа што повеќе не можела да го толерира неговото непредвидливо однесување.

Поранешниот пар ја започна својата врска во 2022 година, а беше контроверзна поради нивната разлика во години (17 години), како и поврзаноста со Чикаго Булс.

Самиот Мајкл Џордан јавно призна во јули 2023 година дека не ја одобрува врската на неговиот син со Ларс.