Мексиканска ТВ водителка е убиена пред очите на нејзиниот четиригодишен син при обид за крадење автомобил!
Марта Паола Салседо (29) била застрелана со два куршуми во главата додека излегувала од циркус во саботата вечерта во Хуицкилукан во централно Мексико. Случаен минувач и’ помогнал на нејзината помошничка да ја качи во возило и да ја однесе во болницата Анџелес, но лекарите не можеле да и’ го спасат животот.
Помошникот и’ кажал на полицијата дека двајца разбојници им пришле и побарале од Салседо да им ги предаде чантата и клучевите од теренецот. Дошло до тепачка помеѓу водителката и бандитите кои пукале во неа.
Марта е сестра на централниот дефанзивец Круз Азул и поранешниот мексикански репрезентативец Карлос Салседо, кој меѓу тамошните фудбалски навивачи е познат и како Ел Титан.
– Жалиме за смртта на сестрата на нашиот играч Карлос Салседо – објави Круз Азул на социјалната мрежа Х.
Ужалениот фудбалер, кој беше репрезентативец на Мексико на Светското првенство во Русија во 2018 година, им се заблагодари на сите што му испратија сочувство.
Марта Салседо го имаше синот Лука со уругвајскиот голман Николас Виконис, кој моментално игра за Селаја.
Таа претходно беше домаќин на емисии за фудбалскиот клуб Чивас де Гвадалахара.
Мексиканската инфлуенсерка и нејзиното момче, да потсетиме, беа убиени неодамна пред теретана каде редовно вежбаа. Ужасниот момент во кој Виелка Пулидо и нејзиниот партнер беа убиени на празно растојание беше снимен од надзорна камера.