Поранешната тенисерка број два во светот, Пола Бадоса, не се сомнева дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.
Шпанската тенисерка е фасцинирана од тенисерот број еден во светот , кој на последниот Ролан Гарос го освои третиот трофеј и рекордниот 23. Грен слем во кариерата, па сега Рафаел Надал (22) и Роџер Федерер (20) се зад него.
Има се. Тој е ментален ѕвер! После се што се случи, тој излезе и се натпреваруваше, беше супериорен на секој турнир и тоа ми изгледаше како лудост. Тениски е најкомплетен, а физички беше исклучително добро подготвен. Тоа е брутално. Во овој момент, ништо друго не може да се каже освен дека е најдобар. Тој тоа го докажа. Бројките се бројки – рече Бадоша, инаку девојка на Стефанос Циципас, кој по овие зборови би можел да му биде љубоморен на Новак Ѓоковиќ.
Лекарите ми рекоа дека паузата ќе трае најмалку осум недели, а поминаа пет. Ако играм, нема да бидам на 100 проценти, но давам се од себе. Брзо закрепнувам, но сакам да можам да излезам на теренот една недела пред турнирот, за да можам да се подготвам. Ментално ми е тешко бидејќи не сум играла ниту во Париз, ниту во Австралија – вели Бадоса, моментално 33-та во светот, а нејзин најдобар грен слем резултат е четвртфиналето на Ролан Гарос во 2021 година.