Убаво, возбудливо, емотивно… Фудбалерите на Хетафе со одличен гест го воодушевија светот: Излегоа на терен со своите мајки! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хетафе синоќа го пречекаа на Атлетик Билбао во рамките на 34. коло во шпанското првенство, а пред самиот натпревар тамошните фудбалери упатија прекрасен гест.

Бидејќи 5-ти мај е Денот на мајката во Шпанија, фудбалерите на Хетафе излегоа на теренот со своите мајки, држејќи се за рака.

Овој потег го изненади целиот свет, а гордите мајки не можеа да го сокријат задоволството.

„Без вас сето ова немаше да има смисла, ќе продолжиме да работиме и да сонуваме заедно. Ги имаме најдобрите мајки на светот“, стои во описот на сликата на профилот на социјалните мрежи на Гетафе.

Инаку, Хетафе синоќа загуби со 0:2.