Убав е како Бог – синот на Анџелина и Бред е копија на татко му

Актерката Анџелина Џоли и нејзиниот син Нокс Џоли-Пит пристигнаа заедно на 15-тото доделување на Гувернорс наградите што се одржа во Лос Анџелес.

На последниот гламурозен настан, кој ги собра холивудските ѕвезди пред Оскарите, особено една сцена привлече внимание. Анџелина Џоли овој пат не беше видена со ќерката Шајло, како што тоа обично се случува на јавни настани, туку на црвениот тепих позираше со најмладиот син, шеснаесетгодишниот Нокс.

Младешкото дуо Џоли-Пит ги воодушеви присутните, но и пошироката јавност, која ја коментираше впечатливата физичка сличност на Нокс со неговиот татко Бред Пит.

Нокс имаше ретко деби на црвениот тепих на настанот во елегантен, класичен костум кој совршено одговараше на неговата висока и тенка рамка. Џоли, која и понатаму е синоним за беспрекорен стил, носеше фустан во златна боја, кој буди елеганција и софистицираност, а нејзиниот син ја следеше во класичен црн костум со бела кошула и машна.

Нокс често се споредува со Бред Пит

Гламурозниот настан на кој учествуваа и Том Хенкс, Рита Вилсон, Даниел Крег, Џенифер Лопез, Ендрју Гарфилд, Деми Мур, Никол Кидман и Џенифер Лоренс, беше вистинска можност за ѕвездите да заблескаат пред камерите. Сепак, и покрај сите познати фаци, Анџелина и Нокс беа во центарот на вниманието кои доминираа на црвениот тепих.