Убедлив пораз за македонските одбојкари од грчката селекција на турнирот во Скопје

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ Борис Трајковски“ загуби од Грција со 0:3, по сетови 23:25, 22:25 и 16:25.

За избраниците на селекторот Јошко Миленковски ова е втор пораз во третиот настап на годинашното издание од Меморијалниот турнир по што завршија на последното, 4. место. 

На првиот денешен натпревар Б-селекцијата на Јапонија го победи Египет со 3:1. 

Грција со биланс две победи и еден пораз е победник на 47-то издание на „Чајка“,  Јапонија е второпласирана, Египет е трет.

За најкорисен одбојкар на турнирот (МВП) е прогласен капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓоргиев.

ГрцијаМакедонијаодбојка