Полицијата уапси три лица за убиство на Н.Р.(38) од Сараево!
Зад бравата се нејзиниот сопруг Г.Р.(36) кој е осомничен за убиство и неговата мајка Л.Р.(76) за соизвршителство. Полицијата го уапсила и Љ.Ј.(67), кој наводно им помагал по делото.
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го пронашла телото на Н.Р., која била убиена пред неколку дена, во стан на улицата Колодворска . Полицијата во станот пронашла предмети и траги од делото.
Телото на убиената е пренесено во обвинителството во Бара, каде по наредба на обвинителството ќе биде извршена обдукција.
По кривичната истрага, уапсените ќе бидат предадени во надлежност на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево.