Вистинска семејна трагедија се случи денеска во предградието на Виена, кога пред својата вила била убиена млада мајка (33), по потекло од поранешна Југославија.
Според австриските медиуми, осомничена е нејзиниот поранешен партнер, 35-годишен шведски државјанин, роден во Босна и Херцеговина. Тој веднаш по убиството и се предал на полицијата.
Инаку, таа потекнува од богато семејство на приватни претприемачи кои имаат компанија во Долна Австрија.
Од полицијата наведуваат дека се уште не е познат мотивот за убиството , но се претпоставува дека причина била расправија по која убиецот извадил оружје. Инаку, се се случи пред неколку сведоци.
Иако убиецот се предал, целата област се уште е под опсада на полицијата , која на лице место сослушува сведоци и ги утврдува околностите на ова тешко убиство.
Според локалните медиуми, убиството се случило пред вила вредна милион евра.