Убиена млада студентка, уапсен младич од Босна! Полицијата ја скршила вратата од станот и затекнала морничави сцени: Го испрашувале како сведок, а потоа следувал шок!

Босанец (34), кој живее во Штутгарт, е уапсен по опсежна полициска потрага по убиството на студентката Алејна Е. (25). 

Телото на 25-годишната девојка од Штудгарт е пронајдено во нејзиниот стан во саботата вечерта, откако пријателите се загрижиле бидејќи германката со турско потекло не одговарала на нејзиниот телефон и повици. Нејзиното тело со страшни повреди било пронајдено откако полицијата ја скршила вратата од нејзиниот стан.  Според првичните информации, девојката била избодена со остар предмет. 

Сè укажувало дека Алејна го познавала својот убиец. На нејзината врата не биле пронајдени траги на насилно влегување, а немало ниту траги на грабеж.

https://twitter.com/MYFQZfKxjs6722/status/1878835124122644939?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1878835124122644939%7Ctwgr%5E2cc9fdf056c5f725d78ccc1a5d1c83f85b2ca618%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F9556359%2Fbosanac-uhapsen-zbog-ubistva-studentkinje-u-nemackoj

Полицијата  го уапсила осомничениот убиец

Во неделата, само 36 часа по злосторството, полицијата уапсила познаник на студентката, 34-годишен Босанец од Штутгарт, кој според информациите на „БИЛД“ најверојатно првпат ноќта ја поминал со Алејна. 

– Немаше момче, а не видовме ниту посетители – објаснила сосетката од станбената зграда. Како што објаснуваат од полицијата, засега нема информации за мотивот за убиството, додека осомничениот прво бил сослушан како сведок, но  при сведочењето кажал многу контрадикторности.  

Жртвата на убиството се преселила во Штутгарт во текот на летото

Студентката Алејна Е. се преселила од областа Пфорцхајм во Штутгарт пред само шест месеци. Според извештаите, таа сакала да стане учителка, што им кажала на своите соседи – дека сака да работи со ученици. 

Осомничениот бил изведен пред судијата на Окружниот суд во Штутгарт во понеделникот во 14.08 часот. Инспекторите потоа го однеле Босанецот во затворот во Стамхајм. Обвинителството во Штутгарт првично не можеше да каже дали тој ги коментирал наводите.