Ќерката на познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски, Е.К. била убиена во масакрот во основното училиште ,,Владимир Рибникар”.
Полицијата соопшти дека денес во Белград во 8 часот и 40 минути во ОУ „Владислав Рибникар“ дошло до пукање и дека уапсила ученик (14) од седмо одделение.
Во престрелката загинаа осум деца и еден чувар, додека шест деца и еден наставник се ранети и се лекуваат во Ургентниот центар и Тиршова.
Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ откри дека момчето го планирало масакрот еден месец.