Кошаркарскиот клуб Хапоел од Тел Авив соопшти дека во нападот на Хамас загинале браќата Јапетах и Јонатан Куц, членови на јуниорските категории на овој клуб.
Јапетаи и Јонатан беа убиени во нивниот дом во Кибуц Кфар Аза.
Според веб-страницата на клубот, тие биле заклани заедно со нивниот татко Авива, мајката Ливнат и сестрата Рота.
Припадниците на Хамас убија десетици жители на овој кибуц, кој се наоѓа во близина на Појасот Газа и има околу 750 жители.