Гезим Чела, еден од најголемите нарко-босови во регионот, е уапсен во акцијата со кодно име – „Еурофас“ на Косово, пренесуваат соседните медиуми.
Гезим Чела наводно ја користел својата вила за шверц на дрога. Таму полицијата пронашла 18 килограми кокаин. По Гезим Чела беа издадени неколку налози за апсење.
Во јуни 2014 година, албанската и косовската полиција уништија структурирана криминална група која шверцувала тешка дрога од Турција во Западна Европа, користејќи ја територијата на Албанија. Судот во Тирана потоа го ослободи Гезим Чела со образложение дека боледува од тешка болест.
За Гезим Чела има пресуда од италијанскиот суд за 11 години затвор, како и парична казна од 150.000 евра, под обвинение за меѓународна трговија со дрога.
Пред да се занимава со трговија со дрога и да стане шеф на банда за шверц на кокаин, тој бил специјален полицаец. Таа функција ја извршувал пред 1997 година. 55-годишникот е обвинет за трговија со дрога и неовластено изработување и држење оружје.