УБИЕН КОМАНДАНТ НА РУСКАТА НУКЛЕАРНА ПОДМОРНИЦА – Тежок удар за Москва: “Нивното возило беше погодено од заседа…“

Заменик-командант на руската нуклеарна подморница загина откако неговиот камион бил прегазен во Азербејџан.

Капетанот Иван Ковган (52 г.) бил убиен во средата откако азербејџанската Армија отвори оган врз возило на руски мировници во зафатениот регион од војна, Нагорно-Карабах.

Загинал и полковникот Тагир-Мурод Караев од руските сили за хемиска и биолошка одбрана, а и четворица руски војници загинале кога азербејџанските сили го погодиле нивното возило.

Нивното возило беше под оган. Сите се повредени“, рекол изворот за The Sun.

Иван Ковган беше заменик-командант на руската подморница на северната флота со седиште во Арктикот.

Одговорните за нападот се приведени и се очекува да добијат кривична пријава.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се извини на рускиот претседател Владимир Путин за убиството на Иван Ковган и другите мировници и вети отштета за семејствата на жртвите.

Истражните органи на Азербејџан и Русија работат заедно на местото на несреќата со цел да ги истражат причините“, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Нападот дојде откако Азербејџан започна воена операција за преземање на контролата врз провинцијата населена главно со Ерменци. Азербејџан ја врати контролата врз отцепениот регион во смртоносната дводневна воена офанзива.

Шестнеделната војна меѓу Азербејџан и Ерменија заврши во 2020 година со посредство на Русија, која потоа испрати 2.000 мировници во Нагорно-Карабах да го надгледуваат прекинот на огнот.

АзербејџанНагорно-КарабахРусијасмртубиство