Убиен е лидерот на Комунистичката партија во Приднестровје, Олег Хоржан. Комунистичката партија на Руската Федерација бара да се започне истрага за убиството, изјави лидерот на партијата Генадиј Зјуганов – објавено е на Телеграм каналот на Комунистичката партија на Руската Федерација.
„Нашиот лидер на Комунистичката партија на Приднестровје, Олег Хоржан, почина вечерва. Тој е убиен дома, бараме веднаш да започнеме истрага и да ги средиме работите“, рече Зјуганов синоќа на прес-конференција за резултатите од пролетната седница на Државната Дума за спроведување на партиските задачи во новата политичка сезона.
Комунистичката партија истакна дека се истражуваат деталите за инцидентот.
„Добивме порака за убиството на лидерот на Комунистичката партија на Приднестровје и поранешен член на Врховниот совет на Приднестровје, Олег Хоржан. Деталите се разјаснуваат“, објави каналот Телеграм, јавија руските медуми.