Полковникот на руската полиција Алберт Атмурзаев (39) им подлегнал на повредите кои, според неофицијални информации, ги добил при пукање во главниот град на Чеченија, Грозни.
Телеграмскиот канал База, повикувајќи се на свои извори од истрагата, наведува дека припадниците на Националната гарда пукале во џипот во кој се наоѓал Атмурзаев во неделата вечерта. Возилото, наводно, не застанало по два предупредувачки истрели, по што отвориле оган.
Според неофицијални информации, Атмурзаев бил ранет во главата, по што бил хоспитализиран во Централната окружна болница во Грозни, но не можел да се спаси.
Засега нема официјална реакција или информација за смртта на полковникот.
Неколку членови на чеченскиот баталјон Восток-Ахмат, да потсетиме, неодамна нападнаа руски војници на контролен пункт во Мелитопол.
Рускиот воен дописник Јуриј Котенок објави шокантно видео од инцидентот на својот канал Телеграм и нагласи дека руските војници биле нападнати од командантот на баталјонот Ваха Камбулатов.