Серискиот убиец Тед Банди уби 30 жени помеѓу февруари 1974 и февруари 1978 година, а се верува дека вистинскиот број на неговите жртви е уште поголем.
Тој често им приоѓал на жените на јавни места, ги шармирал или дури глумел повреда, а потоа ќе ги намамел во некој оддалечен дел од градот и ги убивал. Банди бил осуден за 30 убиства, а по два обиди да избега од затвор, бил погубен во 1989 година.
Банди успеа да ја придобие довербата на жртвата пред ладнокрвно да ја убие
Елизабет Кендал, поранешната девојка на серискиот убиец Тед Банди, во документарен филм по 40 години открила како изгледала нивната врска и како помогнала да се изведе пред лицето на правдата. Таа, исто така, најави реиздание на нејзините мемоари од 1981 година, во кои опишува застрашувачки детали од периодот на нејзиниот живот поминат заедно со масовниот убиец.
Книгата „Phantom Prince: My Life with Ted Bundy“ е посветена на романсата на Елизабет со Банди. Иако Елизабет прва го пријавила Банди во полиција, таа тврди дека со години не знаела ништо за монструозните злосторства на нејзиното момче, кое го запознала во ресторан во Сиетл во октомври 1969 година. Елизабет во тоа време веќе била разведена и сама ја одгледувала својата ќерка Моли.
Хемијата меѓу нас беше неверојатна“, напиша таа во своите мемоари.
Таа признава дека бил многу убав и дека веќе се гледала во брак со него и замислувала како ќе се викаат нивните деца. Тие ја поминале таа ноќ заедно, а тој и подготвил појадок, за да ја однесе во Ванкувер следниот викенд. Како што одминувало времето, Елизабет почнала да забележува необични работи за нејзиното ново момче. Еднаш, во една фиока, меѓу неговите работи, нашла женска долна облека и гипс.
„Ако некогаш некому кажеш за тоа, ќе ти ја скинам главата“, ѝ рекол тој.
Три години откако се запознале, Елизабет дознала дека го носи неговото дете, што ја „вознемирило“.
„И двајцата знаевме дека во тој момент не доаѓа предвид потомство“, напиша таа.
Ted Bundy’s ex-girlfriend, who tipped the police off on his killings in 1974, was a recent divorcee and single mom when she met the killer in Seattle.https://t.co/yUHH84y4Qg
— In Touch Weekly (@intouchweekly) October 18, 2019
“Тој требаше да го започне правниот факултет таа есен, а јас морав да работам за да го издржувам. Бев вознемирена. Знаев дека треба да ја прекинам бременоста што е можно поскоро. Тед, сепак, беше задоволен од себе. Направи дете“, пишува Елизабет.
Иако никогаш не бил насилен кон неа, Елизабет открива дека тој знаел да ја повреди со изливи на гнев и сурови изјави. Некаде во ова време, локалните медиуми објавија за човек по име „Тед“ кој вози Фолксваген и кој извршил ужасни злосторства. Еден ден беше објавено дека неговата рака е во гипс, а Елизабет се сети на гипсот во фиоката и за прв пат се посомневала.
Во август 1974 година, таа контактирала со полицијата во Сиетл. Им рекла дека во собата на нејзиното момче пронашла патерици кои личат на оние употребени во последниот напад.
Банди успеал да ја придобие довербата на своите жртви преправајќи се дека скршил коска и дека му е потребна помош. Тој користел не само лажен гипс, туку и шарм и добар изглед.
Ги чувал телата на жртвите кои ги убивал, а потоа ги силувал
Тој чувал „трофеи“ од секоја жртва – вклучително и неколку глави кои полицијата ги пронашла во неговиот стан Тој имал секс со нивните тела по убиствата.
Банди беше уапсен во 1975 година за киднапирање на Керол Даронк и беше осуден на 15 години затвор. Меѓутоа, тој избегал во 1977 година скокајќи низ прозорецот на затворската библиотека.
Осум дена подоцна полицијата повторно го уапсила, а потоа успеал уште еднаш да побегне. Продолжил да убива, а потоа во 1978 година повторно бил зад решетки.