Група градоначалници во Њу Џерси, САД, повикаа на „итен мораториум“ на проширувањето на морските турбини на ветер.
Група градоначалници во Њу Џерси, САД, повикаа на „итен мораториум“ на проширувањето на морските турбини на ветер додека федералните и државните научници не утврдат дека бучавата од океанот предизвикана од мапирањето на морското дно, дупчењето и изградбата на турбините не претставува закана за китовите, откако на источниот брег на САД беа пронајдени 18 мртви китови.
„Неодамна, мртов кит беше виден како лебди на 20 километри од островот Лонг Бич“, изјави Андреа Гомез, портпарол на Атлантската рибарска асоцијација. „Ова беше шестиот грбав кит што умре во Њу Џерси и 18-тиот голем кит пронајден мртов на источниот брег од 1 декември“, изјави Гомез за Asbury Park Press. Уште еден грбав кит умре на потегот од Њу Џерси до Њујорк, измиен на плажата Лидо во Њујорк. „Ние не се противиме на чистите извори на енергија, но сме загрижени за еколошките последици од проектите како што се турбините на ветер“, велат претседателите на 12 општини во Њу Џерси во писмото до официјалните лица во Вашингтон.