Удавениот во Дојранско Езеро е жител на Штип

Мажот кој се удави околу 11:30 часот во водите на Дојранското Езеро, непосредно пред Градската плажа, е жител на Штип на возраст од 42 години.

Ова се првични информации од МВР, од каде информираат дека денеска околу 11:30 часот било пријавено во СВР Струмица дека во Дојран едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило,а за настанот бил известен јавен обвинител.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива, а засега нема податок дали имал безбедносен елек.

Во информацијата од ЦУК се додава дека местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото.

ДојранМакедонија