Голема казна за Романија поради транспарентот „Косово е Србија“.
Следниот натпревар против Андора репрезентацијата на Романија ќе го игра пред празни трибини, тоа е одлука на УЕФА.
Вестта за казната ја пренесе добро информираниот романски новинар Емануел Росу, а сè уште се чека само официјалното соопштение на Европската фудбалска унија во врска со овој случај.
Да потсетиме, дел од романските навивачи на мечот со Косово развиле транспарент на кој пишувало „Косово е Србија“, а покрај таа парола ја истакнале и пораката „Бесарабија е Романија“.