УЕФА БРУТАЛНО ЈА КАЗНИ РОМАНИЈА ПОРАДИ ТРАНСПАРЕНТОТ “КОСОВО Е СРБИЈА“ – Ова е навистина (не)очекуван тежок удар !?

Огромна казна за фудбалската федерација на Романија поради транспарентот – „Косово е Србија

Следниот натпревар против Андора репрезентацијата на Романија ќе го игра пред празни трибини, а тоа е одлука на УЕФА.

Веста за казната ја пренесе добро информираниот романски новинар Емануел Росу, а се уште се чека само официјалното соопштение на Европската фудбалска унија во врска со овој случај.

Да потсетиме, дел од романските навивачи се на натпреварот со Косово развиле транспарент на кој пишувало „Косово е Србија“, а покрај таа парола ја истакнале и пораката „Бесарабија е Романија“.

казнаКосовоРоманијаУЕФАфудбал