УЕФА воведува три правила кои значително ќе ја променат Лигата на шампионите од следната сезона

Европската фудбалска федерација (УЕФА) е подготвена да воведе три нови правила во Лигата на шампионите за следната сезона, без разлика што сè уште трае нокаут фазата, пишува германски Билд.

Имено, од следната сезона треба да стапат во сила нови правила кои би можеле значително да го променат натпреварувањето, а сè ќе биде решено на 30 мај на состанокот на УЕФА.

Првото правило е воведување на пенали наместо продолженија, односно укинување на продолженијата, па во случај на нерешен резултат, веднаш би отишла на пенали.

Потоа следи правилото за предност на домашен терен за првопласираните тимови, што е слично на она што веќе постои во кошарката.

Екипите кои би обезбедиле Топ 8 по групната фаза од лигашкиот дел би имале предност на домашен терен во четвртфиналето и полуфиналето, во зависност од нивната позиција.

Последното правило би било повторно воведување на „заштита на земјата“, поточно враќање на стариот систем каде тимовите од истите земји можеа да се сретнат само во подоцнежните фази од Лигата на шампионите.

Да потсетиме, оваа сезона Лигата на шампионите за првпат се играше во нов лигашки формат со 36 екипи наместо во претходната групна фаза.