УЕФА ГО ИСФРЛА ШПАНСКИОТ КЛУБ ОД ЕВРОПА! Голем скандал на стариот континент – драстична казна поради местење натпревари !?

Иако се пласираа во Европа за прв пат по 16 години, Осасуна поради одлуката на УЕФА нема да игра надвор од Шпанија.

Европската куќа на фудбалот објави дека ќе го исфрли овој клуб кој се пласираше во квалификациите за Конференциската лига, а Осасуна тоа го потврди на официјалната веб-страница.

Причината за ова е тоа што клубот беше вклучен во местење натпревари во сезоната 2013/14.

Во Осасуна сметаат дека казната што ја добија е престрога, поради што најавија жалба.

Доколку биде одбиено, а постои голема веројатност тоа да се случи, Шпанија во ова натпреварување ќе ја претставува Атлетик Билбао.

Осасуна претходната сезона ја заврши на седмото место со 53 бода, два повеќе од Атлетик Билбао.

ОсасунаУЕФАфудбалШпанија