На францускиот шампион Пари Сен Жермен му се заканува исфрлање од Лигата на шампионите поради поранешниот играч Килијан Мбапе, пренесува францускиот Л’Екип.Имено, според правилата на УЕФА, клубовите мора да достават документација со која потврдуваат дека немаат долгови кон своите вработени до 15 јануари.
Клубот од Париз се соочува со сериозен проблем бидејќи одбива да го плати својот поранешен напаѓач Мбапе кој минатото лето се пресели во Реал Мадрид.
ПСЖ со месеци води судски спорови со францускиот репрезентативец, кој од парискиот клуб бара околу 55 милиони евра неисплатени плати и бонуси.
Мбапе веќе доби два правни случаи пред судовите на француската професионална фудбалска лига, но ПСЖ и понатаму одбива да го плати бонусот.
Доколку УЕФА утврди дека ПСЖ ги прекршува правилата, нивното тело за финансиска контрола на клубот (CFCB) може да бара долгот веднаш да се подмири.
Парижаните може да се соочат со сериозни санкции во случај на одбивање, а казните вклучуваат парични казни, одземање на бодови, задржување на приход, забрана за регистрација на играчи, дисквалификација…