Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) поведе постапка против Албанија, поради испадот на нивните навивачи на натпреварот против Италија на стартот од првенството во Германија.
Во првото коло од групата Б, „азурите“ по пресврт ги совладаа Албанците со 2:1, а натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд беше нарушен од хулиганите на „црно-црвените“.
УЕФА покрена истрага поради сомнителното однесување на албанските навивачи пред, за време и по натпреварот против Италијанците. Албанците фрлаа предмети на теренот на стадионот во Дортмунд, палеа факели, а еден од хулиганите дури истрча на теренот за време на натпреварот. Европската куќа на фудбалот посочи дека главна причина за покренување дисциплинска постапка е објавувањето на провокативни пораки, несоодветни за спортот.
UEFA starts disciplinary proceedings against Albania over pitch invasion https://t.co/uyZyW5KwGj pic.twitter.com/0mXw6obUJ3
— Reuters (@Reuters) June 16, 2024
Засега не се знае каква казна ќе им биде изречена на Албанците за испадите на нивните навивачи.
Во меѓувреме, албанските хулигани не се смируваат и на тој начин предизвикаа инциденти и заедно со Англичаните и Бошњаците ги нападнаа српските навивачи на улиците на Гелзенкирхен.