Ужасен случај во Хрватска: Осомничен педофил се самоуби откако специјалните сили упаднаа во неговата куќа

Маж кој бил под истрага поради сомнение за сторени тешки сексуални злосторства врз дете, извршил самоубиство за време на полициска интервенција, соопшти полициската управа Бјеловар-Билогора.

Според официјалните информации, кривичната истрага е спроведена врз основа на претходно собрани сознанија и наредба на истражниот судија, а акцијата е спроведена во соработка со Окружното обвинителство во Бјеловар.

Кога полицајците пристигнале на адресата каде што се наоѓал осомничениот, тој се заклучил во куќата и се заканил дека ќе си го одземе животот. И покрај неколкучасовните напори на преговарачот да го одврати од оваа намера, ситуацијата не можела да се реши мирно.

Полицијата вели дека службите за итни случаи влегле во куќата за да го спречат самоубиството, но дотогаш мажот веќе си го одзел животот. На местото на настанот е спроведена истрага под надзор на надлежниот обвинител, кој ги покренал сите потребни постапки.

Полицијата вели дека нема да дава повеќе детали, со цел да ги заштити интересите на детето кое е потенцијална жртва.