2-годишното момче починало во болницата „Гемели“ во Рим, каде со хеликоптер било пренесено во многу тешка состојба.
Според италијанските медиуми, момчето било однесено во болница со т.н. „црвена шифра“ и со срцев удар откако проголтал дел од играчка.
Полицијата го истражува случајот, а обвинителството отвори истрага со хипотеза за кривично дело убиство од небрежност против непознати лица. И главниот обвинител на Тиволи, Франческо Мендито, нареди истрага за потеклото и видот на играчката што детето ја проголтало во својот дом во Монтеротондо.
Од болницата „Гемели“ соопштија дека детето дошло од болницата во Монтеротондо веќе мозочно мртво по повеќе од еден час кардиопулмонална реанимација.Родителите дале согласност за отстранување на органите, кое било направено синоќа.