УЖАСНА НЕСРЕЌА НА ГРАДИЛИШТЕ ВО ГЕРМАНИЈА – Скеле се урнало во Хамбург, има и мртви и повредени

Неколку работници загинаа во понеделник наутро на градилиште во германскиот град Хамбург.

Како што пренесува Bild, несреќата се случила околу 9 часот и 10 минути кога скеле се урнало на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници.

Од големото градилиште се евакуираат околу 700 градежни работници.

На терен се неколку возила на итната помош. Засега не се знае колку работници загинале.

ГерманијанесреќаХамбург