Легендарниот боксер Рој Џонс Џуниор ја објави тажната вест за смртта на неговиот син ДеАндре, за која се наведува дека е самоубиство.
Џонс Јуниор, кој има 55 години, во понеделникот на социјалните мрежи ја објави трагичната вест.
За жал, мојот син ДеАндре си го одзеде животот во саботата“, напиша Џонс.
– Многу сум благодарен што Господ ми дозволи во петок навечер да се вратам дома и да ја поминам последната ноќ од неговиот живот со него и неговото семејство. Знам дека многу луѓе минуваат низ тешки времиња во моментов, но ништо не вреди да си го одземеш животот. Господ го дава и Бог треба да го земе – нагласи тој.
Џонс ги замоли фановите да ја почитуваат приватноста на семејството.
Да потсетиме, Рој Џонс Јуниор е американски боксер кој важи за еден од најголемите борци на сите времиња. Роден на Флорида во 1969 година, Џонс ја започна својата професионална кариера во 1989 година и брзо се здоби со репутација на исклучително талентиран боксер. Рој Џонс Јуниор го постигна најголемиот успех освојувајќи шампионски појаси во четири тежински категории: средна, суперсредна, полутешка и тешка категорија.