Стадо крави убија жена (40) која со двете ќерки дошла на планинарење во Салцбург, а трагедијата се случила на нејзиниот роденден.
Како што беше објавено, жената излегла со двете ќерки (20 и 23 години) и, според првите информации, сакала да го прослави својот ден со излегување.
На планинарењето биле и две мали кучиња, а кобниот инцидент се случил во 13 часот и 40 минути. Животните ненадејно ги нападнале жената и нејзините ќерки и додека младите некако успеале да се ослободат од стадото, мајката била убиена од кравите.
20-годишната ќерка успеала да повика брза помош, па пристигнал спасувачки хеликоптер и пилотот се обидел да го растера стадото со неколку маневри за летање, што на крајот и успеало.
Сепак, несреќната жена не можела да се спаси, а нејзините ќерки биле пренесени во болница.
Како што изјави портпаролот на полицијата во Салцбург за „Хојте“ во четвртокот попладне, кучињата „веројатно“ се причината поради која кравите ненадејно нападнале три жени.
Полицијата се уште ги истражува деталите.