УЖАС – Вистински хорор за време на крастарење по Карибите! Починат патник шест дена бил чуван во фрижидер за пијалоци, телото се распаднало, кожата позеленела – семејството во вистински шок

Семејството на Роберт Џонс, кој починал додека бил на крстарење по Карибите, ја тужи компанијата која е сопственик на бродот за крстарење, откако вработените шест дена неправилно го чувале неговото тело во фрижидер за пијалоци, пишува USA Today.

Роберт Џонс починал на 15. август минатата година на 78-годишна возраст од срцев удар, а неговото тело толку се распаднало што не можело да биде изложено во отворен ковчег за време на погребот.

Семејството тврди дека вработените во бродот „невнимателно и намерно“ ги отстраниле неговите останки и бараат отштета од еден милион долари и судење за случајот.

Посмртните останки на Роберт Џонс беа пронајдени во торба во фрижидер за пијалоци со цевка за интубација сè уште во устата“, се тврди во тужбата на семејството на починатиот а објавува споменатиот медиум. Телото станало надуено од гасовите на распаѓање, а кожата станала зелена.

Роберт Џонс и неговата сопруга Мерилин Џонс (55 г.) биле на крстарење по Карибите кога тој починал. Членовите на екипажот ѝ кажале на Мерилин дека на бродот има работна мртовечница каде што ќе се складираат посмртните останки на нејзиниот сопруг.

Сепак, мртовечницата не работеше правилно во времето кога телото на Џонс беше складирано“, се наведува во тужбата.

Кога бродот се закотвил шест дена подоцна, вработените од локалната погребна служба и заменикот на шерифот го откриле телото на човекот во ладилник за пијалоци. Увидот на телото открил дека телото никогаш не било складирано на соодветна температура за да се спречи распаѓање.

Семејството во судските документи тврди дека ќе го однеселе телото на Џонс од бродот доколку знаеле дека мртовечницата е затворена.

Тие исто така тврдат дека компанијата „Celebrity Cruises“ му го одзела на човекот „посмртно достоинство“ и дека менталната слика на неговото тело во распаѓање „никогаш нема да избледи“ од нивните сеќавања.

Во тужбата, исто така, се наведува дека имало 37 смртни случаи на бродот за крстарење од 2001 година до денес.

бродсмрт